Отварање на патот до еколошки посвесни возрасни

November 15, 2024

Наше должност како жители на планетата Земја е целосно да ја превземеме одговорноста за трагите што ги оставаме врз природата и средината во која живееме. Првиот чекор кон остварување на оваа цел е промена на начионт на размислување и навиките и создавање еколошки свесни заедници.

Водени од оваа мисија, партнерите во Еразмус+ проектот „ГЕА“, се состанаа на 4-та по ред транснационална средба која, овој пат, се одржа во Атина, Грција. За време на средбата се дискутираше за е-обуката за едукатори на возрасни, како и за пилот тестирањето на истата во шесте држави во кои се спроведува ГЕА проектот.  Овој процес ќе вклучи десетици едукатори и возрасни од земјите-партнери.  

Е-обуката, создадена и организирана во рамки на ГЕА проектот е на чекор од завршување. Во рамки на истата, до овој момент учествуваа по 15 едукатори од секоја земја, а во некои и повеќе. Учесниците беа обучувани за клучни теми како оргаинзирање ан неформално и информално образование за возрасни или користење на пристапот на „граѓанска наука“ за активно вклучување на локалните заедници во локалин еколошки активности. Во рамки на овие едукативни активности, едукаторите беа охрабрени да изготват конципти за партиципативни еколошки и климатски акции кои подоцна ќе им бидат предложени на локалните власти.

Во следните месеци, овие едукатори ќе учествуваат на најмалку 5 едукативни настани за вмрежување и дискустија, каде ќе ги претстават еколошките акции пред публика од возрасни сожители. Благодарение на едукативните алатки на ГЕА проектот, тие, заеднички ќе осмислат нови начини за одржливо секојдневно живеење и делување! Меѓу овие алатки е и пакетот за одржливост кој содржи корисни веб-страници и предлози, како и прирачникот за акција, кој ќе им помагне на едукаторите и возрасните во 6 држави да ги промента своите секојдневни навики преку мали и едноставни чекори.

Дали сакате да дознаете повеќе за можноста за учество на планинарските курсеви во вашата земја? Контактирајте не: stojne.ecologic@gmail.com

About the project

GEA – Патот кон еколошки посвесни возрасни е проект финансиран преку програмата Erasmus+ KA2 – Партнерство во образованието на возрасни.