За

проектот

Соочени со предизвиците во животната средина, какви што се: глобалното затоплување, загадувањето, урбаното ширење, уништувањето на шумите и губењето на биодиверзитетот што, сѐ повеќе го загрозува животот на сите живи суштества на нашата планета, потребата да се подигне свеста за еколошките предизвици станува сѐ понеопходна.
Во тој контекст и во одговор на глобалните предизвици, образованието за возрасни игра клучна улога во подготовката на граѓаните за нов начин на живот, како и за нивното охрабрување во насока на превземање на индивидуална одговорност за заштита на средината и заедницата во која живеат.

Проектот „ГЕА“ (GEA) цели да ја зајакне „еко писменоста“ на возрасните со цел, информирано носење на одлуки, како и прилагодување кон поодржлив животен стил.

Цели

Да ги зголеми можностите за вклучување на обезправенте возрасни во еколошки и климатски акции

Да развие отворена програма за е-учење за едукатори на возрасни, вклучително и сет од ресурси за зголемување на еко-свеста кај возрасните и учеството на заедницата

Да охрабри споделено носење на одлуки и ко-дизајн во иницијативите за носење политики за животна средина

Да обезбеди широк и одржлив пристап до сет на иновативни резултати за писменост во сферата на животната средина

Активности

=

Партиципативна теренска студија, како дополнување на деск истражување на случаи на граѓанска наука, предизвици во животната средина и еко акции 

=

Развој и испорака на ГЕА програма за е-учење, наменета за едукаторите на возрасни со цел да промовираат акции за животна средина засновани на заедницата

=

Испорака на акции за подигнување на еко-свеста со учество на обезправени возрасни

=

Воспоставување на локални комитети за животна средина и креирање на брошура за иновативен ко-дизајн на политики

Резултати

ГЕА интерактивен извештај

Citizen science approaches, environmental challenges and climate actions.

Комплет за е-учење за едукатори на возрасни

This section will give you direct access to GEA e-learning programme for adult educators.

Комплет „одржливост“ за подигнување на јавната свест

A collection of instruments to support environmental awareness-raising, as a printable “how-to guide”.

Брошура за ко-дизајнирање на политики

Set of recommendations for policy-initiatives, “co-designed” by citizens and policy makers.