Партнери

CESIE

CESIE е Европски центар за студии и иницијативи, лоциран во Палермо, Сицилија. Организацијата е непрофитна, аполитичка и невладина. Истата спроведува проекти во повеќе од 80 држави.

Основана е во 2001 година по инспирација од работата и теоријата на италијанскиот социолог Данило Долчи (1924-1997). CESIE придонесува кон активно учество на луѓето, граѓанскиот сектор и институциите во различни тематски области, инаку фокусрани кон промовирање на раст и развој.

Организацијата е посветена на промоција на истражувањето како алатка, како и развој со цел подобрување на иновативните процеси во образованието, во социјалната, економската и културната сфера.

EUROGEO

EUROGEO е меѓународна научна организација со европска димензија, која вклучува мрежа од географи и слични профили (животна средина, планирање, истражување, геотехнологија). Организацијата е лоцирана во Белгија и цели да развие, поддржи и промовира политики дизајнирани да го подигнат статусот на географијата, да воспоставаат и промовираат прекугранична соработка, образование и обука во областа на географијата.

Активностите на организацијата вклучуваат поддршка на географите во нивната работа и кариера, вклучувајќи предавање географија; соработка со релевантни организации; лобирање на меѓународно, европско и национално ниво; овозможување на форум за дискусија; советување и нудење препораки за креирање соодветни политики во итнерес на географите и географијата.

Symplexis

Symplexis е грчка невладина организација која цели да постигне еднакви можности за сите, преку акции и мерки кои градат вештини, зајакнуваат капацитети и промовираат активно учество фокусирајќи се на најранливите категории на граѓани и особено на оние со ограничени можности.

Активностите на Symplexis се засноваат на пристапи и интервенции засновани на корисниците. Истите се фокусирани на неколку области на експертиза, главно во сферата на:  

  • Социјална и економска инклузија на обезправените групи, особено на луѓето од третиот свет.
  • Заштита и промоција на човековите права преку активности и интервенции кои ги адресираат потребите на широк спектар на дискриминирани групи луѓе.
  • Надградба на знаења, градење капацитети и јакнење на ранливи групи со цел промовирање на еднаков пристап до формално и неформално образование за сите и промовирање на доживотно учење.
  • Развој на деца и млади преку акции и проекти дизајнирани да ја намалат сиромаштијата меѓу младите, промовирање заштита на децата и стимулирање социјална инклузија и развој.

    Cuiablue OÜ

    Cuiablue OÜ е непрофитно социјално претпријатие кое поттикнува општествена промена преку информално учење и стручно образование. Cuiablue OÜ е специјализирана за дизајн на иновативни алатки кои поддржуваат образование и обука преку соработка со заедницата, насочени кон поддршка и развој на нивните вештини и знаења, како и поддршка на заедничките еколошки, социјални и културни идеи. 

    Организацијата применува методи на дизајнерско размислување, комбинирано со системско размислување, дизајн заснован на човекот и истражување засновано на дизајн со технологии. Нејзина мисија е да создаде нови, иновативни алатки и ресурси кои ги предизвикуваат општествените норми. Преку пристапот кој го применува, истата истовремено ги адресира потребите на корисниците и учениците, брзо развива нови производи и применуваме нови технолошки решенија чија крајна цел е да ги решат актуелни глобални проблеми преку образовни иницијативи.

    BUPNET

    Bildung und Project Netzwerk (BUPNET) е лоцирана во Готингем – Германија, основана е во 1985 како провајдер на образование на возрасни. Организацијата има долго искуство во поддршка на возрасни ученици во сите сектори во Германија. Активно учествуваме во европски проекти во рамки на различни програми поддржани од ЕУ, како координатори или партнери.

    Проектите се главно фокусирани на создавање и тестирање на иновативни производи, вклучувајќи мобилни, е-курсеви, прекугранична размена на искуство, знаење, како и вмрежување со институции. Од своето основање, образование за животна средина и климатски промени се една од главните теми кои се повторуваат низ проектите и обуките што ги нуди организацијата.

    ECO–LOGIC

    ECO–LOGIC е непрофитна организација посветена на заштита и зачувување на животната средина, промовирање модерни еколошки пракси, како и мониторинг и промовирање на принципите на одржлив развој, акцентирајќи примарно на образованието (формално и неформално) како предучилишно образование, средношколско и универзитетско образование. Нашата организација поттикнува и поддржува позитивни промени во животната средина во форма на: промовирање на екологијата како наука, промовирање на концептот на чисти производи итн.

    Xwhy (UAB Theoria)

    Во нашата секојдневна работа, вклучуваме методи на системско размислување и дизајнирано размислување, комбинирани со алатки од социјалните и хуманистички науки. Ги тестиравме сите кои нѝ беа на располагање, додека не го најдовме сопствен начин за фасцилитирање промена – контекстуален пристап. Пристапот е базиран на три суштински принципи:

    1. Започнуваме со фактот дека незнаеме;
    2. Се фокусираме на контекстот – не на планетата, не на луѓето, не на корисниците, не на конзументите;
    3. Откриваме, не констатираме.

    Нашиот фокус се проекти за одржливост и култура. Нашата работа ја засонваме на партиципативно истражување и активно учество во сите процеси на чинители, заедници. Креираме стратегии за јавниот и приватниот сектор, кои ги комбинираат економијата, социјалната, еколошката и културната област и го поврзуваат локалните идентитет со Целите за одржлив развој.