Отворена програма за е-учење за зајакнување на образование на возразни за животна средина

July 2, 2024

Едукацијата за животна средина им овозможува на поединците подобро да ги разберат проблемите по животната средина, истовремено поттикнувајќи ги да развијат чувство на одговорност, како и да превземат одржливи акции, водејќи ја заедницата кон зелен животен стил.

За да се овозможи оваа транзиција, партнерите во ГЕА проектот започнаа со креирање на материјали за учење и обука „по мерка“ на едукаторите на возрасни и возрасните ученици.

До овој момент, конзорциумот на ГЕА проектот работеше и на интерактивен извештај базиран на информации добиени преку деск истражување и директна вклученост на клучните целни групи, како што се: возрасни, едукатори на возрасни, експерти за граѓанска наука и еко акции.

Ова првично истражување имаше за цел да го зајакне знаењето и разбирањето за состојбата со образованието за животната средина на возрасните во секоја од матичните држави на организациите-партнери, како и знаењето и разбирањето за предизвиците и партиципативноста на локално ниво. Резултатите покажаа високо ниво на интерес на возрасните граѓани за активно учество во локални иницијативи за позасилена еколошка одржливост, вклучувајќи и преку пристапот на граѓанска наука.

На основа на овие откритија, интерактивниот извештај ќе биде клучен за исцртување на ГЕА програмата за е-учење за едукаторите на возрасни, а преку која, учесниците ќе се зајакнат за вклученост во акции за животна средина. 

Водејќи сметка за комплексноста на проблемите како, недостаток на време, незаинтересираност на возрасните да учествуваат во неформално образование, или потешкотии да ги разберат техничките поими, ГЕА партнерите заеднички ќе работат на развој на соодветни едукативни за животна средина, како и соодветни методологии и пристап за вклучување на возрасни групи на граѓани.

Соодветно на тоа, едукаторите ќе бидат обучени на теми како, како да фасцилитираат разбирање на комплексните научни концепти и како да го поддржат граѓанското учество на возрасните во акции за животната средина. Новокреираната програма за учење исто така ќе вклучии  специфични содржини какви што се: како да се зајакне вмрежувањето за да се промовира учество на повеќе заинтересирани страни, како и да се зголеми ефективноста на акциите на ниво на заедницата. За таа намена, практични групни активности, вебинари и студиски посети ќе бидат организирани во текот на програмата. Бидејќи свеста кај возрасните може да биде поттикната преку јакнење на знаењето, познавањето, вештините, вклучително и преку нивно вклучување во конкретни активности, ГЕА проектот ќе се стреми да помогне во истото.

Сакате да дознаете повеќе и да се вклучите во програмата за обука? Контактирајте нѐ за дополнителни информации: stojne.ecologic@gmail.com.

About the project
GEA – Growing into Eco-conscious Adults е проект финансиран преку програмата на Еразмус+ КА2 – Партнерства за соработка во образование на возрасни.