Како да поттикнете учеството на локалните заедници во иницијативите за животната средина и климатските промени? Како да ги направите попривлечни и подостапни? Како да ја интегрираме граѓанската наука во образованието за животна средина за возрасни?
Ова се само дел од прашањата што беа дискутирани за време на средбата на конзорциумот во Готинген, Германија на 11 и 12 април 2024 г.
Партнерите во ГЕА проектот се состанаа во просториите на германската БУПНЕТ со намера да го оценат напредокот постигнат до тој момент, особено во однос на финализирањето на онлајн обуката која ќе се тестира во Италија, Белгија, Грција, Естонија, Македонија и Литванија.
Надоврзувајќи се на резултатите од првичната анализа посветена на граѓанска наука (достапна онлајн), обуката е наменета за едукатори за возрасни и има за цел да им овозможи на возрасните граѓани во целните држави, активно да се вклучат во акции и иницијативи за животната средина и климатските промени, истовремено зголемувајќи ги нивните способности за критичко размислување и истражување.
Курсот ќе биде бесплатен и достапен на веб-страницата на проектот на англиски и на националните јазици на партнерите и ќе ги содржи следните теми:
- Принципи на неформалноа и формална едукација за животна средина;
- Интегрирање на индивидуалната одговорност и медиумска писменост во едукацијата за животна средина;
- Поттикнување вклученост во климатските акции и акциите за заштита на животната средина преку граѓанска наука;
- Промовирање вмрежување и вклучување на локалните чинители;
- Дизајнирање на партиципативни еколошки и климатски.
Во текот на мај-септември 2024 г., партнерите ќе вклучат 15 едукатори за возрасни за да ja тестираат oбуката.
Доколку сакате да дознаете повеќе за можностите за вклучување во обуката што ќе се организира кај нас, пишете нѝ: stojne.ecologic@gmail.com.