ГЕА: како да поттикнете образование за животна средина за поодговорно граѓанство?

September 1, 2023

Многу обиди за едукација на јавноста заради поодговорно однесување кон животната средина и превземање на акции против климатските промени се потпираа на “стратегии за алармирање“ кои, често создаваат желба за акција. Денес, еко-анксиозноста е препознаена како феномен во заедницата за чиешто справување, недостига структуриран пристап.

ГЕА цели да поддржи образование за животна средина за возрасни, за посовесен пристап кон предизвиците во животната средина, како и индивидуална одговорност за заштита на заедницата во која живеат. Во текот на трите години во кои проектот се спроведува, партнерите ќе работат заеднички во развој на серија на едукативни ресурси за едукатори и возрасни ученици (особено оние кои се надвор од формалното образование).

Првата фаза од проектот вклучува истражување насочено кон идентификување на слабостите во едукакацијата за животна средина и главните интереси и бариери за учество за учество на локалните заедици во проектите на граѓанска наука, како и во еко иницијативите.

На 29 и 30 јуни, партнерите се сретнаа во Палермо во седиштето на CESIE (координаторот), за да дискутираат за резултатите од истражувањето во нивните држави (Италија, Белгија, Грција, Естонија, Германија, Македонија, Литванија) и презентацијата на истите во интерактивен извештај. Средбата овозможи уникатна можност за дискусија и размена на информации помеѓу членките на конзорциумот, кои се во процес на финализирање на истражувањето кое вклучува: онлајн прашалници, интервјуа и фокус групи.

Вклучувањето на претставнци од целните групи на проектот и анализата на различните географски реалности е клучен чекор за осигурување ефективност за следните ресурси: ГЕА е-програмата за учење (насочена кон едукаторите), алатката за одржливост и прирачникот за ко-дизајнирање на иницијатива за застапување.

За проектот

GEA – Growing into Eco-conscious Adults е проект финансиран преку програмата Еразмус+ KA2 – Партнерство за соработка за образование за возрасни.

За повеќе информации

За повеќе информации

Прочитајте повеќе за GEA и контактирајте со Симона Сглаво: simona.sglavo@cesie.org