За проектот

Соочени со предизвиците во животната средина, какви што се: глобалното затоплување, загадувањето, урбаното ширење, уништувањето на шумите и губењето на биодиверзитетот што, сѐ повеќе го загрозува животот на сите живи суштества на нашата планета, потребата да се подигне свеста за еколошките предизвици станува сѐ понеопходна.

Во тој контекст и во одговор на глобалните предизвици, образованието за возрасни игра клучна улога во подготовката на граѓаните за нов начин на живот, како и за нивното охрабрување во насока на превземање индивидуална одговорност за заштита на средината и заедницата во која живеат.

Образованието за животната средина и подигнувањето на свеста кај возрасните може да ги зајакне за информирано носење одлуки, како и да одигра суштинска улога во подигнувањето на капацитетите за прилагодување на заедниците, јакнење на жените и мажите за прифаќање одржлив животен стил.

Образованието за животната средина прави одговорни граѓани и е клучно за напредокот кон одржлив развој. Како што човекот влијае на животната средина, така напорите базирани на заедницата стануваат неопходни.

Од друга страна пак, човештвото е далеку од тоа да разбереме сериозно дека човековото здравје не може да биде гарантирано без заштита на биодиверзитетот на нашата планета и многу често, заштитата на природата се смета за второстепена цел, споредбено со социо-економскиот развој.  

Еразмус+ проектот „ГЕА – Растејќи во еколошки свесни возрасни“ или “GEA – Growing into Eco-conscious Adults” цели да поттикне луѓето да придонесат за вистинска промена во однесувањето и акциите почнувајќи од секојдневниот живот.

Кон оваа цел, партнерството ГЕА ќе дизајнира и спроведе сет од иновативни и висококвалитетни едукативни ресурси кои ќе ги адресираат и едукаторите на возрасни и возрасните ученици (особено од обесправените социо-економски/образовни позадина), крајно целејќи подигнување на свеста за животната средина помеѓу возрасните кои се надвор од формалното образование, истовремено ширејќи ја пораката за важноста на социјална и дигитална инклузија во сферата на образованието за возрасни.

Цели

Да ги зголеми можностите за вклучување на обезправенте возрасни во еколошки и климатски акции

Да развие отворена програма за е-учење за едукатори на возрасни, вклучително и сет од ресурси за зголемување на еко-свеста кај возрасните и учеството на заедницата

Да охрабри споделено носење на одлуки и ко-дизајн во иницијативите за носење политики за животна средина

Да обезбеди широк и одржлив пристап до сет на иновативни резултати за писменост во сферата на животната средина

Партнерството во рамки на проектот го сочинуваат 7 организации од различни Европски држави:

Почеток/Крај на проектот: 01/11/2022 – 31/10/2025

Еразмус+ KA2 – Партнерства за соработка во поле образование за возрасни