Комплет одржливост
Во овој дел од водичот за одржливост ќе најдете база на алатки дизајнирани да им помогнат на граѓаните да станат еколошки посвесни и полесно да интегрираат одржливи практики во нивните акции и секојдневни активности. Овие алатки се фокусирани на една или повеќе теми за одржливост (штедење на вода, штедење на енергија, паметно купување, управување со отпад, активен транспорт и мобилност, намалување на нашиот глобален отпечаток). Некои алатки се развиени за глобална употреба, а други се за локална примена.
Алатките во ГЕА водичот се оценети во однос на пет фази на развојот на еколошката свест
- будење (свесност)
- разбирање (причини и последици)
- акција (правење промени)
- застапување (кампања за промени)
- евалуација (разгледување на нашето влијание)